Details
Амбасадорот на Р. Италија во Македонија, г. Силвестри, денеска во друштво на доајенот на македонското спортско новинарство, Атанас Костовски ја посети Изложбата „Паоло Роси и легендите на светскиот фудбал“ која е поставена во Националната установа Мала Станица во Скопје. Костовски беше гостин на италијанскиот амбасадор како човек кој го коментираше и финалето на СП 1982 година, кога Паоло Роси, Златното момче на италијанскиот фудбал, и италијанската репрезентација го освоија Светското првенство.